Помошник државниот секретар на САД за европски и за евроазиски прашања Викторија Нуланд на 11 јули (понеделник) ќе ја посети Република Македонија, соопшти денеска Стејт департментот.– Нуланд ќе разговара со високи владини претставници за билатерални и регионални прашања, вклучувајќи ја и потребата за решавање на тековната политичка криза, поддршка на работата на Специјалното обвинителство, и создавање услови за кредибилни избори, се наведува во соопштението.
Посетата на Викторија Нуланд на Македонија е во рамки на нејзината турнеја низ неколку земји во регионот во која се вклучени и Косово, Албанија, Србија и Кипар.– Нуланд ќе разговара со високи владини претставници за билатерални и регионални прашања, вклучувајќи ја и потребата за решавање на тековната