сабота, 28 ноември 2026
Најново

Нуланд во Албанија и Косово

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Десет дена пред да седницата на албанскиот Парлемент на која треба да бидат усвоени реформите во правосудството, САД прават директен напор за да ја убедат албанската политичка елита да ги поддржи уставните измени, јави дописникот на МИА.За таа цел, денеска попладне во Тирана ќе престојува помошникот државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања, Викторија Нуланд.
Според агендата која ја објавуват албанските медиумите, Нуланд во Тирана ќе се сретне со шефот на албанската дипломатија Дитмир Бушати и со лидерот на најголемата опозициска сила, Демократската партија, Љуљзим Баша, ќе има средба со претставници на граѓанскиот секор, а посета на Албанија ќе ја заврши со заедничка вечера со премиерот Еди Рама.
САД директно инвестираше во реформите на албанското правосудсво, преку мисијата ОПДАТ, но и преку постојаните напори на американскиот амбасадор во Тирана, Доналд Лу, кој деновиве упати писмо до пратениците на албансккот Парламент со кое ги повика да гласаат за предложените реформи.
Нуланд денеска ќе престојува и во Пришина, каде е предвидено да се сретне со косовскиот претседател Хашим Тачи, со спикерот на Парламентот Кадри Весели, со премиерот Иса Мустафа, со потпретседателите на Владата, Хајредин Кучи и Бранимир Стојановиќ,како и со шефот на дипломатијата Енвер Хоџа.
На срдбите ќе стане збор за последните случувања во Косово,посебно прашањето околу демаркацијата на границата со Црна Гора.
Не се прдвидени средби на Нуланд со косовската опозиција.За таа цел, денеска попладне во Тирана ќе престојува помошникот државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања, Викторија Нуланд.

Поврзани вести