Тропските горештини допринесоа кон испилување на идеи за самоисполнетост и отворање на нови хоризонти.Дали тие се однесуваат на отворање живинарска фарма или едноставно се прави брејнторминг за отворање на зоолошка градина во Скопје, не е сигурно.
Една работа е неменлива и отсекогаш опстојува – познанствата и кимањето со глава на налудничавите идеологии за црпнотресечки сценарија секако отвораат врати кон повисоките слоеви.
Посетата на помошникот државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања во Стејт департментот, Викторија Нуланд, предизвика општо воодушевување кај опозицијата.
По крајот на посетата на Македонија, таа посочи дека политичките партии веќе разговарале за тоа како да се дојде до избори и пред нејзиното доаѓање, а по средбите со лидерите на ВМРО-ДПМНЕ, на СДСМ, на ДУИ и на ДПА, наведе дека заминува од Скопје охрабрена.
Како што дознаваме, охрабреноста на Нуланд дојде и од Иванна Хаџиевска.
– Морам да кажам дека го напуштам Скопје охрабрена од она што го видов. Се надевам дека во следните неколку денови ќе се испилат некои идеи кои сега се на маса со што ќе се дизајнира нова сукња со животни. За ова ќе биде потребна волја за која почувствував дека постои по средбата со Иванна – рече Нуланд.
Поради смелата изјава на Нуланд дека пилињата на Иванна ја освоиле на прв поглед, во вечната сенка на Зоран Заев се разбуди „фрцкањето“ и не можеше да се воздржи, а да не се пофали за добиениот комплимент.
На тој начин, на површина исплива снобовскиот менталитет кој е затскриен зад маската на активизмот во претставата на СДСМ за јавноста. Личноста која паѓа под влијание на ласкања и која како надуен балон се фали дека нејзините пилиња клукнале во срцето на позната личност, сигурно нема да објави на социјални мрежи како по активизмот и синдромот „сенката на Таличниот Том“ успеа да се „поднови“ со неколку станови и автомобили.
Дали тие се однесуваат на отворање живинарска фарма или едноставно се прави брејнторминг за отворање на зоолошка градина во Скопје, не е сигурно.