Нутриционистите НИКОГАШ не би ги пробале овие 7 намирници!

Познато е дека многу прехранбени производи на пазарот се преполни со вештачки засладувачи, разни хемикалии и состојки со чија помош се зголемува долготрајноста на квалитетот на производите. Сепак, нутриционистите никогаш не би ги јаделе овие намирници. Еве зошто…Овошни јогурти со ознака „лајт“
Голем дел од овие производи содржат големи количества на вештачки засладувачи, вештачки ароми и најчесто имаат две третини помалку белковини од обичните јогурти (обични или овошни). Така, тие неколку калории кои ќе ги заштедите, едноставно не вредат во нутриционистички контекст.
Кашкавал во вид на листови за сендвич
При нивната преработка се употребуваат бројни хемиски состојки и адитиви, а нивниот вкус потсетува на гума. Полномасните кашкавали се подобра опција, бидејќи помалку се преработуваат, содржат помалку адитиви, а и вкусот им е подобар. Затоа, помалку ќе изедете, а чувството на ситост и задоволство ќе биде поголемо.
Готови преливи за салата
Многу од нив се прават со различни хемиски состојки, адитиви и пченкарен сируп. Меѓу другото, кога веќе правите салата од свеж зеленчук, зошто да ставате некој вештачки прелив и тоа со сомнителна боја и мирис? Исто така, за подготовка на домашен и здрав прелив ви се потребни само минута-две: помешајте малку маслиново масло, оцет и додадете зачини по желба.

Засладени пијалаци
Газираните пијалаци, овошните сокови и ледениот чај, содржат неверојатен број на калории. Пијалаците со вештачки засладувачи не се ништо подобри, бидејќи тие создаваат потреба за дополнително консумирање на слатки намирници (но, со вистински шеќер!). Држете се до водата, лимонадата и чајот!
Житарки збогатени со протеини
Овој вид оброк обично содржи високо преработена соја (протеин изолат на соја), која не содржи хранливи својства. Ако јадете житарки со млеко или јогурт, знајте дека за доручек земате сосема доволно количество на белковини.
Млечни додатоци за кафе
Овие производи содржат нездрави вештачки материи и трансмаснотии. Ако баш и не можете да испиете само црно кафе, додадете малку обрано млеко.
Сувомеснати производи
Готово сите видови на сувомеснати производи содржат големо количество на сол, нитрати и конзерванси кои можат да бидат канцерогени. Доколку сте во можност, купувајте органско месо и преработки од домашни производители за кои сте сигурни дека не употребуваат недозволени средства при одгледувањето и преработката на месо.Овошни јогурти со ознака „лајт“
Голем дел од овие производи содржат големи количества на вештачки засладувачи,

Пронајдете не на следниве мрежи: