Oд утре пороен дожд, грмежи, засилен ветер и сахарски песок

Од утре па сѐ до вторник Македонија ќе биде под влијание на многу топла воздушна маса од југ, а во исто време ќе бидеме и под влијание на нестабилна воздушна маса која особено во попладневните часови ќе условува зголемена облачност и развој на нестабилност која ќе биде проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Локално поради загреаната атмосфера има услови процесите да бидат поинтензивни и во форма на невреме проследено со поинтензивен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер како и со појава на град. Максималните дневни температури на воздухот и понатаму ќе бидат многу високи и ќе се искачуваат во интервалот од 31 до 38 степени Целзиусови.
Поради релативно високата влажност на воздухот, но и поради нестабилноста ќе растат условите за позначителна спарина која особено кај метеопатите може да создава и здравствени проблеми. Исто така во атмосферата се наоѓа и незначително количество на сахарска прашина и песок, па така таму кај што ќе се појават врнежите, дожот ќе остави траги на нечистотија.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.