Oблачно време со дожд, поубава прогноза дури од среда

Времето ќе биде претежно облачно и нестабилно со врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни, над 25 литри на метар квадратен и проследени со грмежи и силен ветер.
Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието и особено во југоисточните делови засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде помеѓу осум и 13, а дневната ќе достигне од 15 до 21 степен.


Како што информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во Скопје слично време, претежно облачно со повремени врнежи од дожд, а ќе има и појава на грмежи. Ќе дува умерен, а повремено и засилен јужен ветер. Температурата ќе се движи од 10 до 19 степени.
И во понеделник ќе биде променливо облачно и нестабилно со локални врнежи од дожд, кои на места ќе бидат поројни, проследени со грмежи, силен ветер, а ќе има и услови за појава на град.
В понеделник кон крајот на денот и во вторник поради спуштање на студена воздушна маса ќе дува засилен северозападен ветер што ќе предизвика позначително опаѓање на температурите, па во вторник наутро ќе има услови за провејување на слаб снег на повисоките планини.
В среда утрото ќе биде студено, но преку денот ќе преовладува посончево и потопло време.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.