Oблачно со повремени врнежи

Денес времето ќе биде претежно облачно, на пниските места со повремени врнежи од дожд. На повисоките места врнежите ќе бидат од дожд и снег, а на планините ќе паѓа снег.
Врнежите ќе бидат со слаб до умерен интензитет, а по одделни котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб, во западните делови умерен ветер од западен правец.
Температурата ќе се движи од – 3 до 9 степени, во Скопје од 0 до 4 степени Целзиусови.
Утре ќе биде сончево со умерена облачност, а по котлините магливо. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.