Пејачката Емина Јаховиќ години наназад е позната по тоа дека сака да внимава на својот изглед и ја одржува линијата, се храни здраво и редовно вежба.
Меѓутоа, поради нејзината најнова фотографија објавена на социјалните мрежи, обожавателите се прашуваат дали таа претерала, па е на линија на анорексија.
Емина во Истанбул се фотографирала во долго црно здолниште и „топ“ маичка, па го покажала затегнатиот стомак, но и ребрата што ги загрижи обожавателите кои ја следат на Инстаграм.