Oва можевме да бидеме ние…Рама по отворањето на кластерот за внатрешниот пазар: Горд на Албанија

Албанија вчера и официјално го започна Кластерот за внатрешен пазар во преговорите за приклучување кон Европската Унија.

На четвртата меѓувладина седница помеѓу Албанија и ЕУ, беше отворен Кластерот 2, кој ги вклучува поглавјата 1 (слободно движење на производи), 2 (слободно движење на работници), 3 (право на основање бизнис и слобода на пружање услуги), 4 (слободно движење на капитал), 6 (право на трговски друштва), 7 (законодавство за трговски друштва) и 8 (заштита на интелектуална сопственост и здравјето на потрошувачите).

Албанските медиуми пренесоа дека еврокомесарката за проширување, Марта Кос, на прес-конференција изјавила дека планот е да се отворат сите кластери до крајот на тековната година, а веќе наредната година да се започне со финализирање на поглавјата.

“Додека царините и протекционизмот се враќаат во другите делови на светот, ние ги уриваме бариерите за трговија”, рече Кос, додавајќи дека тоа ќе резултира со повеќе економски можности за компаниите во Албанија и ЕУ, како и поголем просперитет за сите.

Албанија го отвори Кластерот 6 (надворешни односи) во декември 2024 година и Кластерот 1 (фундаментални елементи) во октомври истата година.

Премиерот Еди Рама, кој ја водеше албанската делегација на овие разговори, составена од министри, заменици министри и раководители на сектори за релевантните поглавја, напиша на социјалните мрежи доцна синоќа: “Горд на Албанија”, објавувајќи фотографија на која е заедно со Кос и делегацијата, на која се забележува задоволството на сите.

Албанија поднесе барање за членство во ЕУ во 2009 година, доби статус на кандидат во 2014 година, а првата меѓувладина конференција ЕУ-Албанија се одржа во 2022 година.

Пронајдете не на следниве мрежи: