Полицијата одзеде две возила, ренџ ровер и шевролет спарк за кои лицата што ги управувале немале документи ниту регистерски таблички.
„Полициски службеници од полицијата во Групчин во атарот на тетовска Горна Лешница, поради основано сомнение за сторен царински прекршок, одзеле патничко возило марка ренџ ровер, без регистерски таблици, управувано од Е.Р.(64) од село Палатица, кој не поседувал никакви документи за возилото и патничко возило шевролет спарк без регистерски таблици, управувано од А.А. (29) од село Добарце, кој исто така не поседувал никакви документи за возилото, велат од МВР.