Oстануваме ли без европерспектива? СДСМ бара собраниска седница за евроинтегративниот план на Владата

Опозицијата бара, Владата не одговара дали ќе биде побарана собраниска седница за сите прашања поврзани со евроинтеграциите, која би била затворена за јавноста.

СДСМ наведува дека ВМРО-ДПМНЕ и Владата имаат должност да го информираат Собранието за следните чекори. Бараат да се каже што е алтернативата за долгорочен развој на државата и дали постои план и стратегија, откако „власта го закочи процесот а Албанија се одвои од Македонија на патот кон Европската унија“.

-Ако се откажани од ЕУ интеграциите, да кажат која е алтернативата. Ако не се, да кажат кои се плановите, роковите и следните чекори и што да очекуваат граѓаните. На затворената седница очекуваме да изложат детални информации за тоа кои членки на ЕУ ја поддржуваат идејата на Владата за промена на Преговарачката рамка, да кажат зошто стратешкиот партнер Унгарија гласаше за одвојување на Албанија и Македонија и кои се дипломатските стратегии со кои планираат да ја подобрат позицијата и да ги откочат преговорите, се вели во соопштението од СДСМ.

Пронајдете не на следниве мрежи: