О, да, можно е: Како да ги спречите солзите, кивањето…

Човечкиот организам е потполно фантастичен, но комплексна целина која функционира на одреден начин. Иако некои работи наизглед не можеме да ги контролираме, постојат одредени „финти“ со кои без проблем можеме да го спречиме кивањето или солзите.Скептични сте?
Како да го одзатнете носот
Притиснете со показалецот помеѓу веѓите. Во исто време со јазикот притискајте го непцето. Исчистете го носот, а потоа продолжете нормално да дишете.
Спречете ги солзите
Гледајте нагоре и не дишете. Потоа полека издишете. Солзите исто така можете да ги спречите доколку носната коска ја притиснете со палецот и показалецот. Оваа постапка го попречува протокот на солзите во солзниот канал. Импресивно, зарем не?
Спречете го икањето
Испијте малку вода, а во исто време затнете ги ушите. Доколку ова не помогне испружете го јазикот и притиснете го на врвот.
Спречете го или предизвикајте го кивањето
Доколку сакате да го предизвикате кивањето погледнете директно во соцето. Доколку сакате да го спречите, едноставно со палецот и показалецот притиснете ја носната коста, а со јазикот скокотнете го непцето.

Контролирајте ја величибата на зениците
И тоа само со помош на мислите. Во зависност од тоа дали размислувате за светли или затемнети места можете да влијаете и на величината на своите зеници. Истото важи доколку размислувате на ситуации во кои телото лачи адреналин.
Исто така, доколку некој ви се допаѓа зениците се шират. Истото се случува доколку помислите на некоја убава ситуација која кај вас предизвикува пријатно чувство.
Скептични сте?
Како да го одзатнете носот
Притиснете со показалецот помеѓу веѓите. Во исто време

Пронајдете не на следниве мрежи: