Обама се реши за напад на Сирија

Претседателот на САД, Барак Обама донесе одлука за воена интервенција врз Сирија. Обама е во исчекување на одобрение од Конгресот откако реши дека САД е подготвена да ја нападне Сирија. 
„Решив дека САД треба да преземат воена акција против цели на сирискиот режим. Тоа нема да биде интервенција без крај, нема да употребиме копнени сили, туку ќе биде со ограничено траење и обем. Ќе го казниме Асад за употребата на хемиско оружје, и ќе ги намалиме неговите можности пак да го стори ова. Нашата армија има капацитети во регионот, а началникот на Генералштабот вели дека можеме да нападнеме кога ќе решиме. Нашиот капацитет да ја извршиме оваа акција не е поврзан со временски рок, тоа може да се случи утре, или следната недела или следниот месец. Јас сум подготвен да ја издадам таа наредба“, изјави Обама во обраќањето во Белата куќа, придружуван од потпретседателот Џо Бајден. Тој уште истакна дека САД се сигурни во одговорноста на „сирискиот диктатор“ Башар ал Асад за нападот во кој беа убиени над илјада цивили, од кои стотици деца.
Тој истакна дека шефовите на пратеничките групи во Конгресот се согласиле дебата и гласање за ова прашање да стават на дневниот ред на Парламентот, кога тој повторно ќе заседава.
Обама не соопшти што ќе се случи доколку Конгресот не дозволи воена интервенција во Сирија.
Зборувајќи за минатонеделниот напад со хемиско оружје во близина на Дамаск, Обама смета дека тој напад претставува навреда за човечкото достоинство, но и сериозна опасност за национална безбедност.
Обама подвлече дека Парламентот на американскиот најблизок сојузник, Британија, гласал против слично барање на британскиот премиер и затоа ги повика американските конгресмени да испратат порака до светот.
Претседателот додаде дека многу држави од светот приватно изразиле согласност за американска акција против Сирија, и ги повика сите држави кои се грижат за меѓународното право, и јавно да го кажат тоа.
Претседателот Обама воедно подвлече дека САД немаат капацитет воено да извршат промени во Сирија.
„Сфаќам дека сте уморни од војна. Ја завршивме војната во Ирак, завршуваме уште една војна во Авганистан, и знаеме дека не можеме со нашата армија да ја завршиме војната во Сирија, каде постојат древни верски разлики. Арапската пролет покрена сили на кои ќе бидат потребни многу години да се разрешат. Затоа не сакаме да ја ставиме нашата армија среде туѓа војна. Ќе продолжиме да го поддржуваме сирискиот народ со притисок врз режимот на Асад, поддршка кон опозицијата, грижа за раселените и потрага по политичко решение. Но, сме Соединетите Американски Држави и не можеме и не смееме да се преправаме дека не гледаме што се случило во Дамаск“, изјави Обама.Обама е во исчекување на одобрение од Конгресот откако реши дека САД е подготвена да ја нападне Сирија. 
„Решив дека САД треба д

Пронајдете не на следниве мрежи: