Обама сѐ уште се наоѓа зад Путин на „Форбс“ листата на најмоќни светски лидери

Владимир Путин, втора година по ред е пред американскиот колега Барак Обама на ранг-листата за најмоќни светски лидери, што ја објави моќниот деловен магазин „Форбс“.Путин остана на самиот врв на најмоќните во годината во која Русија го припои Крим кон својата територија, го распали судирот со Украина и со Кина склучи договор за гасовод вреден повеќе милијарди долари кој „Форбс“ го нарекува најголемиот конструкциски проект во светот, пренесува АФП.
Од друга страна, Обама веќе трет пат од почетокот на својот претседателски мандат не успева да го освои епитетот најмоќен лидер-два пати изгуби од Путин, а еднаш од кинескиот претседател.
– Значи кој е најмоќен: семоќниот шеф на корозивната, но сѐ уште жива сила, или челникот со врзани раце на најдоминантната земја на светот, прашува американскиот магазин.Путин остана на самиот врв на најмоќните во годината во која Русија го припои Крим кон својата територија, го распали судирот со Украина и со Кина

Пронајдете не на следниве мрежи: