Обесената Иранка непосредно пред смртта оставила писмо: „Штом бидам погубена, сакам…

Во саботата, Рејане Џабари беше обесена поради убиството на човекот, што се обиде да ја силува и покрај меѓународните активистички напори и интернет кампањи кои повикувале на спас на нејзиниот живот. Таа беше уапсена во 2007 година за убиството на Мортеза Абдолали Сарбанди, 47- годишен поранешен вработен во иранското Министерство за разузнување, кој го сретнала кога имала само 19 години. Според Њујорк Тајмс, таа го прободела со џепен нож во грбот, додека се молел. Подоцна изјавила дека ова го направила откако тој ја издрогирал и се обидел да ја силува.
Ирански активисти објавија писмо, која таа наводно и го оставила на нејзината мајка.
Според писмото, таа вели дека би била убиена доколку не го избодела Сарбанди:
„Моето тело би било фрлено негде во градов. И по неколку дена, полицијата ќе те однесе на тоа место, за да го идентификуваш моето тело и тогаш ќе дознаеш дека сум била силувана… Убиецот можеби никогаш нема да биде пронајде, бидејќи ние немамо свое богатство и моќ“.
Таа исто така побарала своите органи да бидат донирани „на некој кој има потреба од нив“:
„Моја драга мајко Шоле, не сакам моето око или моето младо срце да се претвори во прав. Штом бидам обесена, сакам моето срце, бубрези, очи, коски и нешто што може да се пресади, да биде извадено од моето тело и да се трансплатира на некој кој има потреба од нив. Не сакам примачот да го знае моето име, да ми купи нешто или да се моли за мене. Од дното на моето срце, ти кажувам дека не сакам да имам гроб, пред кој ќе доаѓаш да тагуваш и страдаш. Не сакам да носиш црна облека за мене. Направи се за да ги заборавиш моите тешки денови. Остави ме на ветрот нека ме одвее“.  Таа беше уапсена во 2007 година за убиството на Мортеза Абдолали Сарбанди, 47- годишен поранешен вработен во иранското Министерство за разузнување,

Пронајдете не на следниве мрежи: