Никол Флојд (28) ја однела својата ќерка Исабел (4) на пливање во хотел во Бугарија, но рекреативното пливање се претворило во најголем ноќен кошмар откако девојчето ја вовлекол филтерот од џакузито.Младата мајка зборува за ужасната несреќа на својата ќерка во хотел во Бугарија.
Флојд вели дека малата Исабел научила да плива пред да почне да оди, затоа што секоја сабота оделе на пливање. Тој 25 февруари, нивната неделна рутина била прекината со несреќа, кога малото девојче било повлечено од филтерот од џакузито.
– Како мајка се чувствувам виновна, но не знаев дека таму има филтер. Никогаш не би ја изложила на таков ризик. Нејзиното закрепнување ми е приоритет, не сакам повторно даја изневерам, рекла Никол.
Никол заедно со нејзината мајка Барбара (49) и малата Исабел, отишле на пливање. После час и половина забава во базенот, решиле да се загреат во џакузито.
– Сите заедно отидовме во џакузито. Не ја оставив ќерка ми ниту една секунда. Јас седев во левиот агол, мојата мајка во десниот, додека Исабел си играше меѓу нас – рекла мајката која додала дека Исабел не сака да излегува од вода, па морала да ја подготви за заминување.
Неколку минути подоцна отиде во спротивниот агол. Сакаше да седи исто како мене, рекла мајката.
Бабата и мајката не биле свесни дека филтерот од џакузито бил отворен.
– Исабел никогаш не плаче, но одеднаш почна да вреска – „Мојот стомак, мојот стомак“. Беше повлечена од филтерот, а јас едноставно немав доволно сила да ја извлечам надвор. Не можев да ја ослободам. Мајка ми истрча до спасувачите, а тие ја исклучија струјата. Дури тогаш можев да стигнам до неа. Кога ја извлеков, нејзините црева беа во моите раце.
Малото девојче било пренесено во болницата во која се наоѓа и денес. По тричасовната операција, била ставена во кома и поврзана со ситем за одржување во живот.
За среќа, на 3 март Исабел се разбудила и ја побарала мајка и за да и прочита приказна. Животот повеќе не и е во опасност, но закрепнувањето ќе биде долго.
– Никој не може да каже многу сега. Не знаеме какви ќе бидат трајните последици, – објаснила мајката и додала дека стомакот се уште и е отворен и дека ќе има уште една операција за да и се затвори па ќе си одат оттаму.
Портпаролот на хотелот изјавил дека се соживуваат со семејството и дека се загрижени поради несреќата која се случила.
– Изразуваме искрено сочувство до семејството и подготвени сме финансиски да помогнеме за лекување и закрепнување на детето, – изјавил портпатолот, додавајќе дека започнале истрага околу целиот случај.Младата мајка зборува за ужасната несреќа на својата ќерка во хотел во Бугарија.
Флојд вели дека малата Исабел научила да плива пред да поч