четврток, 12 ноември 2026
Најново

Објавен конкурсот за четвртото издание на „Т’к Так Фест“

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Најголемиот македонски демофестивал, „Т’к Так Фест“ по четврти пат по ред ќе им овозможи на сите млади бендови од земјава, но и од соседството да ја почувствуваат моќта на големата бина и настапот пред неколку неколку илјадна публика.Конкурсот за демо бендови кои ќе настапат на годинашното издание на „Т’к Так Фест“ и официјално е отворен, а согласно истиот сите оние кои сакаат да се вклучат во трката за Гран При наградата „Трајко Каров“ која се доделува на најдобриот тапанар и која изнесува 30000 денари и наградите кои вклучуваат снимање во професионалните студиа на еминентни продуценти, треба да ги достават следните податоци:
– кратка биографија за бендот
– линк од демо снимки на две авторски песни поставени на приватен youtube канал. Должината на една композиција не смее да надминува повеќе од 5 минути.
– читко отчукан текст на песните со кои се аплицира.
Во согласност со програмските определби на фестивалот, Селекторот и Селекционата комисија составена од еминентни и признати рок музичари ќе одлучат кои од пристигнатите апликации ќе бидат прифатени.
Конкурсот трае до 17 јуни 2015 година, а материјалите се испраќаат на e-mail адреса: [email protected]
Конкурсот за демо бендови кои ќе настапат на годинашното издание на „Т’к Так Фест“ и официјално е отворен, а согласно истиот сите

Поврзани вести