Министерството за транспорт и врски денес објави оглас за распределба на 18 социјални станови во новоизградена зграда во Ресен.Министерот Владо Мисајловски истакна дека на огласот право на учество имаат седум категории на лица, кои се станбено необезбедени, односно деца без родители и родителска грижа, корисници на социјална или постојана парична помош, лица погодени од елементарни непогоди, инвалидни лица, лица припадници на ромската заедница, самохрани родители, слепи лица.
– Подносителот на барањето за добивање на социјален стан може да поднесе документација и да аплицира само за една од седумте категории корисници на социјални станови. Доколку лицето или некој од членовите на неговото заедничко домаќинство аплицира во повеќе од една од категориите на корисници, сите поднесени барања ќе бидат отфрлени. Предност при добивањето на социјален стан имаат децата без родители и родителска грижа, истакна Мисајловски.
Огласот за распределба на овие станови ќе трае 30 дена, односно до 14 јануари 2016 година.
Мисајловски потенцираше дека становите ќе се распределуваат во транспарентна постапка преку електронска распределба согласно Методологијата за бодирање на кандидатите.
Изминатите години во Македонија изградени се вкупно 678 станови во 13 општини во земјава.
Директорот на Агенцијата за стопаисување со станбен и деловен простор Цветко Грозданов посочи дека во тек е изградба на два обкејти во Кочани и еден во Македонски Брод, а наскоро се очекува да започне градбата и на објект во Гостивар со 70 станови.Министерот Владо Мисајловски истакна дека на огласот право на учество имаат седум категории на лица, кои се станбено необезбедени, односно де