Во 5 општини е објавен оглас за закуп на нови 1.100 хектари државни земјоделски површини. Понудените парцели не се поголеми од 3 хектари, а предност за закуп има населението во близина на земјиштето, односно земјоделците кои ќе произведуваат едногодишни и повеќегодишни култури.Вкупно на огласот се понудени скоро 1.150 хектари во Свети Николе, Велес, Прилеп, Пробиштип и во Радовиш.
Нивите можат да се користат за одгледување на едногодишни и повеќегодишни култури, за лешници и за рибници, за период од 15 години до 70 години.
Максималната површина која може да се даде во закуп на еден земјоделец е до 3 хектари.
Изборот на најповолен понудувач се врши врз основа на највисока понудена годишна закупнина по хектар, а предност односно најголем број бодови ќе има населението во близината на земјиштето.
Почетната цена на закупот за хектар се утврдува во зависност од местоположбата и катастарската класа.Понудите се поднесуваат во рок од 30 дена од денот на објавувањето на јавниот оглас.Вкупно на огласот се понудени скоро 1.150 хектари во Свети Николе, Велес, Прилеп, Пробиштип и во Радовиш.
Нивите можат да се користат за од