Издавачката куќа „Антолог“ од Скопје со големо задоволство го најавува објавувањето на романот „Дланка полна бои“ од сингапурската писателка Сучен Кристин Лим. Романот е прв добитник на Сингапурската книжевна награда во 1992 година. Преводот на македонски е на Николче Мицкоски. Oва е само втора книга од сингапурски автор, објавена во Република Македонија.„Дланка полна бои“ е повеќеслоен роман што истражува 80 години од историјата на Сингапур преку еден ден од животот на Сувен, млада професорка што се труди да се пронајде себеси како личност и како уметник. Во својата потрага, таа ја истражува богатата историја на семејството на својот очув и открива многу надежи и тешкотии на раната емигрантска заедница на Сингапур – од кинески возачи на рикши и малајски келнери до индиски доктори. Никој не е поштеден од последиците на времињата што се менуваат.
Зад овие кулиси, пријателите на Сувен ги истражуваат темите на уметноста, љубовта, слободата и на предавството. Преку мајсторското раскажување и живописниот јазик на Сучен Кристин Лим, Сингапур на денешницата се сплотува со Сингапур од минатото.
Приказната изобилува со локални вкусови и ароми, а ликовите се живописно претставени и уверливи. Особено чувствителни се тажните животи на жените во приказната.
Книгата е објавена со поддршка на Националниот совет за уметност од Сингапур.
Сучен Кристин Лим (1948) е сингапурска писателка. Родена е во Малајската Федерација. На 14 години се преселува во Сингапур, каде што учи во училиштата на Манастирот на Светото Дете Исус, како и во Националниот сингапурски универзитет. Предавала во средно училиште, а работела и во Министерството за образование. Во 2003 година дава отказ за професионално да се занимава со пишување книги. Има напишано неколку романи, кратки раскази, книги за деца, учебници, драма, како и една поема.„Дланка полна бои“ е повеќеслоен роман што истражува 80 години од историјата на Сингапур преку еден ден од животот на Сувен, млада проф