15 февруари 2016, Скопје – Издавачката куќа „Антолог“ од Скопје со големо задоволство го најавува објавувањето на романот „Макунаима“ од Марио де Андраде. Книгата е дрска и убедлива, сигурен триумф на фантазијата.Преводот на македонски е на Душанка Каевска. Макунаима е член на племето Тапанхума. Тој го живее својот мрзлив и безгрижен живот во бразилските прашуми. Но, кога ќе го загуби талисманот, мора да го напушти племето и да тргне кон Сао Пауло, изненадувачкиот милионски град, каде што врие од цивилизација. „Херојот без карактер“ таму наидува на бордели, на воени паради и на полицијата. Сретнува вештерки, герилци, индустриски магнати што „мелат“ луѓе. И, несмасен каков што е, на сопствената кожа ги чувствува најчудните обичаи на своето време. Романот „Макунаима“ има ненадминато место во бразилската литература. Делото е објавено со поддршка од Министерството за култура на Бразил и на Фондацијата Национална библиотека.
Марио де Андраде (1893-1945) е бразилски писател. Практично, тој е создавач на модерната бразилска поезија. Како централна фигура на авангардата, имал огромно влијание врз современата бразилската литература и култура. Неговите интереси покривале од историја преку уметност до музика, поради што го сметаат за национален енциклопедиски ум, полимат. Имал и политичка кариера. „Макунаима“ е неговото најпознато дело.
Добре дојдовте во светот на книгите, добре дојдовте во „Антолог“!Макунаима е член на племето Тапанхума. Тој го живее својот мрзлив и безгрижен живот во бразилските прашуми. Но, кога ќе го загуби талисманот, мора