Издавачката куќа „Антолог“ од Скопје со големо задоволство го најавува објавувањето на романот „Ножот на Аврам“ од писателот кого го нарекуваат „исландскиот Ден Браун“ – Отар М. Нордфјорд. Во книгата се предвидуваат нападите во Париз и трета светска војна меѓу христијаните и муслиманите. Преводот на македонски е на Ѓургица Илиева.Дејството почнува кога Џејмс Донели, ирски писател, добива мистериозна разгледница од својот неодамна починат пријател. На неа е испишан енигматичен текст за кој ќе се утврди дека е пророштво од Нострадамус. Во потрага по вистината, Донели и неговиот асистент се вовлекуваат во хаотична бркотница по улиците на Њујорк, но Њујорк по 11 септември 2001 година. Затоа, и ЦИА е заинтересирана за оваа теорија на заговор. Тие откриваат тајна што е толку моќна што може да го промени начинот на кој луѓето го перципираат својот однос кон верата.
Од критиката овој трилер е оценет како „бескрупулозен, брз и крајно возбудлив“, како и дека зборува за „нешта што ќе го разнишаат светот во кој живееме“.
Отар М. Нордфјорд (1980) е автор со чешко и со исландско потекло, кој живее во Шпанија и во Исланд. Магистер е по етика, но има учено и арапски, историја, книжевност и уметност. Досега објавил осум романи, пет книги со поезија, два политички стрипа и биографија што стана најпродавана книга во Исланд. Објавил и есеј за моралниот систем на викинзите.Дејството почнува кога Џејмс Донели, ирски писател, добива мистериозна разгледница од својот неодамна починат пријател. На неа е испишан енигматиче