Издавачката куќа „Антолог“ од Скопје соопшти дека е објавувена новата книга на Ѓоко Здравески „Љубавина“, негова трета поетска збирка. Корицата на книгата ја изработи уметникот Ване Костуранов.Ракописот „Љубавина“ претставува збирка љубовна поезија од седумдесетина страници, поделена во три циклуси. Во песните од сите три циклуси главно се пее за бестелесна љубов, за љубовта како премин, за љубовта како начин на постоење и како начин да се спознава светот. Иако навидум апстрактна, инспирацијата на лирскиот субјект секогаш доаѓа директно од физичката стварност. Самиот наслов претставува неологизам, кој во себе ги содржи љубовта и убавината. Во книгата се чести јазичните игри, постапка карактеристична за поезијата на Здравески.
„Песната бланко-љубовна, со која се отвора стихозбирката, in medias res го навестува односот кон опевањето на љубовта: надминувајќи ги параметрите на исповедно-интимна лирика адресирана кон една конкретна личност, оставајќи празен (бланко) простор, поетот е уверен дека љубовното искуство го надминува вообичаеното перципирање на времето и на просторот“, вели во својата рецензија кон збирката Владимир Мартиновски.
Ѓоко Здравески е роден во 1985 година во Скопје. Дипломирал на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Работи како лектор по македонски јазик на Филозофскиот факултет во Ниш и редовно патува со Ниш експрес. Пишува поезија, кратка проза и есеи, а најдолго и најпосветено го пишува својот магистерски труд. Претходно има објавено две авторски книги поезија: Палиндром со две н (2010) и куќичка за птици-преселници (2013). Заедно со уште неколку поети од Србија и од Македонија ја има објавено книгата Торту кроз прозор (поезија, 2010). Преведуван е на десетина европски јазици.Ракописот „Љубавина“ претставува збирка љубовна поезија од седумдесетина страници, поделена во три циклуси. Во песните од сите три цикл