21 март 2016, Скопје – Издавачката куќа „Антолог“ од Скопје со големо задоволство го најавува објавувањето на романот „Седумцкрвие“, готскиот трилер посветен на Прага од чешкиот писател Милош Урбан. Преводот на македонски е на Драган Георгиевски.„Седумцрквие“ е мрачен трилер за Кветослав Швах и за тоа како тој е поврзан со убиствата во седум катедрали во Прага. Над Прага се спушта сенката на есента, додека по таен принцип почнуваат да умираат луѓе. Одговорноста паѓа врз невиниот – човек без работа и без иднина, само со способност што не знае да ја материјализира и со љубов кон градот што му умира пред очите. Над оваа серија од седум цркви и ужасни убиства пливаат низа прашања. Кој е убиецот, а кој жртвата? Кој е виновен, а кој затворил очи? Кога се изместила историјата и кога пак ќе си го најде патот?
Со оваа книга, преведена на десет јазици, Урбан се прославил како „црниот витез на чешката литература“, а самата книга од критиката била прогласена за „ремек-дело на модерната готика“.
Милош Урбан (роден 1967) е еден од најзначајните и најчитани чешки прозаисти. Дел од детството го поминал во чехословачката амбасада во Лондон. Откако дипломирал на катедрата за англистика и нордистика во Прага, една година стажирал на Универзитетот во Оксфорд. Од 1992 работи како уредник во неколку издавачки куќи. Во последно време се посветува на драматиката и на сценаристиката.Добре дојдовте во светот на книгите, добре дојдовте во „Антолог“!„Седумцрквие“ е мрачен трилер за Кветослав Швах и за тоа како тој е поврзан со убиства