Еден македонски државјанин на возраст од 40-ина години загина, а 38 се повредени при судир на автобус со македонски туристи и камион, што се случи синоќа во Турција на околу 40 километри до грчко-турската граница.Според турските медиуми, по судирот автобусот со скопски регистарски таблички се заглавил во камионот со турски таблички, при што бил влечен уште стотина метри. Повредените патници ги извлекувале пожарникари, а истите се пренесени во најблиските болници.
Пет патници се сериозно повредени. Еден патник бил заглавен помеѓу двете возила, кои се залепиле едно со друго. Тој ги изгубил и двете нозе, а и по извршената операција неговата состојба е критична и се наоѓа во животна опасност.
Болницата во Едирне објави дека таму се згрижени патниците: Фидо Атанасоски, Билјана Троноска-Маноилоска, Садике Исмаилова, Лазо Симанов, Хасан Салиев, Изет Салиев, Мартин Атанасоски, Елена Симова, Силвана Атанасоски, Ѓорѓи Ончев.
Македонското Министерство за надворешни работи соопшти дека заедно со Генералниот конзулат на Македонија во Истанбул и Амбасадата во Анкара се во постојан контакт со сите надлежни институции во Турција.
Сите информации поврзани со состојбата на повредените патници може да се добијат на следните дежурни телефони:
Генерален конзулат на Република Македонија во Истанбул
Мобилен телефон: +90 535 108 5622,
Телефон: + 90 212 249 99 77; + 90 212 251 22 33
Е-пошта: [email protected]
Адреса: Inönü Cad., Üçler Apt. No: 12 D 4, Gümüşsuyu, Taksim, İstanbul
Амбасада на Република Македонија во Анкара
Мобилни телефони: +905383130343; +905385466691
Телефон: + 903 12 439 92 08 F: + 903 12 439 92 06
Е-пошта: [email protected]
Адреса: Karaca sokak 24/5-6 Gaziosmanpasha Ankara
Министерство за надворешни работи на Република Македонија
Мобилни телефони: +38975 237 021
Тел: +389 2 3115 266, лок. 168 Факс: +389 2 3115 790
Е-пошта: [email protected], infocentar24/[email protected]Според турските медиуми, по судирот автобусот со скопски регистарски таблички се заглавил во камионот со турски таблички, при што бил влечен уште с