ОБЈАВЕНИ СЕ ТАЈНИ ДОКУМЕНТИ: Лубиц бил потполно здрав!?

Американската сојузна управа за цивилна авијација (FAA), преиспитувала во 2010 година дали треба да му се потврди дозволата за пилотирање на Андреас Лубиц, пилотот на „Џерманвингс“ кој во март годинава се заби авион полн со патници во француските Алпи.FAA беше загрижена поради сознанието дека Лубиц се лекувал од депресија, поради која земал и лекови помеѓу јануари и октомври 2009 година. Во тој период, Лубиц паузирал од тернинзите во школата за пилоти на Луфтханза и се префрлил во нејзиниот центар во Аризона, кадешто учел да вози мали авиони.
Германските лекари ги убедувале нивните колеги во FAA дека Лубиц е излечен од депресијата и дека Сојузната управа одлучила да му издаде дозвола, но со предупредување дека ќе му биде одземена ако му се врати депресијата.
На виделина излегле и докази дека Лубиц се обидел да ја излаже FAA околу болеста. На прашањето „дали некогаш сте се лекувале од психичка болест?“, тој одговорил со „не“. На неговите тестови подоцна биле преправени некои одговори, а промената веројатно ја извршил некој од Луфтханза.
Според преведената медицинска документација која беше доставена до FAA, Лубиц имал „тешка депресивна епизода без психотични симптоми“, која потполно „се повлекла“. Дијагнозата потврдила дека тој се вратил во нормала „без било какви последици“.
Лубиц потоа можел да го продолжи школувањето за пилот, по што станал копилот во „Џерманвингс“.
Документите може да ги погледнете ТУКА.FAA беше загрижена поради сознанието дека Лубиц се лекувал од депресија, поради која земал и лекови помеѓу јануари и октомври 2009 година. Во тој п

Пронајдете не на следниве мрежи: