Кога овој татко направил смешна фотографија со ќеркичката, не ни знаел дека со тој потег ќе ѝ го спаси животот.Кога ја фотографирал ќерката по првото капење, таа направила изрази на лицето кои нему му биле смешни, па ја објавил фотографијата на социјалните мрежи.
Стотици луѓе коментирале и мислеле дека е преслатка.
„Сјајно, ќе биде бунтовничка и ќе се омажи за тип без пари со тетоважи“, бил еден од коментарите.
Меѓутоа, се појавил и еден коментар од страна на детски доктор којшто го привлече вниманието.
Тој подобро ја погледнал фотографијата и го прашал таткото:
„Дали очите ѝ се жолтеникави? Тешко ми е да погодам, бидејќи целата фотографија е малку жолтеникава. Веројатно не е ништо, но може да биде и симптом на неонатална жолтица. Ако кожата и очите ѝ се по малку жолтеникави, можеби би требало да ја однесете на преглед.“
Таткото го послушал советот на странецот и ја однел ќерката на доктор. Таму било потврдено дека човекот е во право: бебето имало жолтица и детскиот доктор којшто коментирал веројатно ѝ го спасил животот!
Иако жолтицата може да биде вообичаена кај малите деца, ако не се лекува на време може да биде смртоносна или да предизвика сериозни последици на мозокот. Затоа е фантастично што овој доктор погледнал одблиску и таткото веднаш реагирал на неговата сугестија.Кога ја фотографирал ќерката по првото капење, таа направила изрази на лицето кои нему му биле смешни, па ја објавил фотографијата на социјалните м