Објавила шокантна фотографија од синот кој има рак и ОВАА порака…

Мајката не бирала зборови опишувајќи ги секојдневните пречки на Дрејк. Со неверојатно реални зборови скршена, но и понатаму храбрата мајка ја објавила оваа фотографија од болниот син поради две причини…„Фотографијата која ја објавив е од ова утро. Пред да почнете да викате и да се прашувате зошто би објавила негова фотографија во пелени…
1.Не покажува повеќе од гаќички за пливање,
2.Животот не е секогаш политички коректен и убав, реалниот живот не е убав, а ракот го уништува човекот“ порачала мајката.
На фотографијата се наоѓа 10- годишниот Дрејк во бања, а на себе има само пелена. На лицето на момчето може да се забележи болката која ја трпи поради ракот. Колку и да е реалистична сликата, уште пореален е текстот во кој самохраната мајка проговорила за страдањата на својот син единец.
Троганати од нејзината порака и храброст, луѓето од целиот свет ѝ пружат поддршка. Многумина расплакала, но и ги соединила во борбата против оваа подмолна болест. Еден од коментарите посакал љубов и закрепнување и напоменал дека Дрејк е еден од најголемите причини поради кои трча маратони со чии пари се финансира истражувањето против ракот.
„Не сака да го вознемируваат бидејќи го боли, зема морфиум за да го издржи денот. Ми вели дека му е страв и дека мисли дека нема да го дочека 11-от роденден. Ова сме тој и јас која му вели дека ќе се бори за него кога тој нема да може повеќе. Ова сме тој и јас, тоа е нашиот свет“.

 
Иако се најдоа и такви кои ја осудуваат фотографијата, на храбрата мајка не и недостасувало поддршка. Пристигнува од сите краеви на светот, а најмногу ја поддржуваат оние кои ја минале истата борба.
„Никој не знае што е тоа додека не направи еден чекор во вашите чевли, да спие на минута во вашиот кревет или да мине минута носејќи ја таа глава. Објави ја фотографијата и раскажи ја својата приказна. Никој нема да знае додека не им покажеш бидејќи на некои луѓе им треба фотографија за да им влезе во глава . Ракот не е убава работа. Злобен е и не му грижа дали сте стари или млади. Кажете им се. Само храбро, Дрејк“, гласи еден од коментарите.
Мајката не бирала зборови за да ги опише секојдневните пречки на Дрејк. Некогаш, вели, преслаб е да стане од кревет или воопшто да оди па мора да го носи или да седи во инвалидска количка. Заспива додека некој му зборува бидејќи е исцрпен. Ги повраќа таблетите затоа што дневно јаде по еден оброк и пие една чаша вода.
Мајката е неизмерно храбра, но и таа се крши кога нејзиниот син навечер ќе дојде во солзи затоа што се плаши
„Тој се плаши од смртта, а кога ќе дојде, ноќта ја минуваме разговарајќи за тоа дали ќе оди во рајот или дали таму ќе може да си игра со тато“.
„Тоа е мојот Дрејк, Стинки Џој, мојот свет. Од моментот кога дознав дека сум бремена до денес, тој е причината за моето постоење. Тој е мојата насмевка, мојата љубов, моето срце. Тој исто така е мојата солза, мојата болка во срцето. Тој е мојот живот“, заклучила таа во својата емотивна порака.„Фотографијата која ја објавив е од ова утро. Пред да почнете да викате и да се прашувате зошто би објавила негова фотографија во пелени&hell

Пронајдете не на следниве мрежи: