Времето во Македонија ќе биде претежно облачно и студено, со повремени врнежи од дожд, особено во северните делови. На планините врнежите ќе бидат од снег, а на повисоките ќе се формира снежна покривка, особено во северозападните делови. Ќе дува засилен северен ветер.
Утринската температура ќе се движи од четири до девет, а дневната од седум до 14 степени.
Во Скопје претежно облачно со врнежи од дожд, кој повремено ќе биде пообилен. Ќе дува и засилен северен ветер. Температурата ќе се движи од седум до 11 степени.
И во среда ќе дува засилен северен ветер и во текот на денот ќе има постепено намалување на облачноста. Потоа во наредните два дена времето ќе биде стабилно и суво со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст.Утринската температура ќе се движи од четири до девет, а дневната од седум до 14 степени.