Обликот на усните ОТКРИВА дел од вашиот карактер!

Дали некогаш се имате запрашано што обликот на вашите усни открива за вас? Психолозите утврдиле дека врската помеѓу карактерот и обликот на усните навистина постои. Во продолжение може да прочитате нешто повеќе за тоа…
Мали усни
Вакви усни имаат великодушните и добродушни личности. Доколку усните се во облик на копче (круг), тогаш станува збор за личности кои се интересираат за случувањата во околината, коишто сакаат да истражуваат, но се и големи бунтовници.
Големи усни
Амбициозна природа се крие зад големите усни. Овие луѓе сакаат да заповедаат. Личностите со широка насмевка се главно окружени со многу луѓе и имаат многу пријатели од различни бранши. Станува збор за успешни и талентирани луѓе, но и големи перфекционисти.
Полни усни
Иако луѓето со полни усни делуваат секси, па дури и привлечно, често станува збор за емотивно незрели личности. Сепак, степенот на самодоверба кај овие луѓе е многу висок.
Тенки усни
Тенките усни откриваат несигурност, но понекогаш и личности со комплекс на пониска вредност. Но, овие луѓе имаат и една добра особина – практични се.
Срцевидни усни
Овие луѓе се независни, заводливи и ефикасни. Не се плашат од ништо и се големи хедонисти.
Усни со спуштени краеви
Овие луѓе не сакаат да ја делат својата приватност, повлечени се и помалку таинствени. Понекогаш премногу се избирливи, а не е реткост и околината да ги доживува како егоцентрични и остроумни.
Не се пронајдовте во ниту еден од овие описи? Не грижете се. Чест случај е една усна да биде поизразена од другата. Ако тоа е горната усна, тогаш тоа укажува дека импулсивноста е главна карактерна црта. Нагласената долна усна е изразена кај заводниците. 
Дали знаевте дека и носот открива каков е карактерот? ТУКА може да прочитате нешто повеќе за тоа!Во продолжение може да прочитате нешто повеќе за тоа…
Мали усни
Вакви усни имаат великодушните и добродушни личн

Пронајдете не на следниве мрежи: