Обликувајте го задникот за само 5 минути!

Доволно е да издвоите само 5 минути дневно, а за вежбите не ви е потребна никаква опрема. Сите жени сакаат цврст и затегнат задник и убаво обликувани колкови, а со овој краток тренинг многу бргу ќе дојдете до посакуваните резултати. Доволно е да издвоите само 5 минути дневно, а за вежбите не ви е потребна никаква опрема.
Вежби:
Тренингот направи го што побргу немој да одмараш помеѓу вежбите.
Подигнување на ногата
Потпрете се на подлактите и колената, задникот подигнете го во воздух и исправете го грбот. Едното колено повлечете го кон градите, а потоа исправете и подигнете ја другата ногата што повеќе можете. Концентрирајте се и на стомачните мускули (повлечете го и затегнете го стомакот ). Вежбата правете ја една минута.
Пулсирање на ногата
Останете во иста позиција како и во првата вежба, подигнете ги нозете во воздух, а потоа спуштајте ги и кревајте ги за околу десет сантиметри. Вежбајте триесет секунди.
Чучнувања   
Станете и исправете се, нозете раширете ги малку повеќе од ширината на рамената. Клекнувајте и станувајте, затегнете ги мускулите на нозете, задникот и стомакот. Повторувајте ја вежбата една минута.
Издржливост на чучнувањата
Останете во позицијата чучнати и затегнете ги мускулите на стомакот. Вежбата трае триесет секунди.
Клекнувања со скок
Клекни и скокни колку што можеш повеќе. Оваа вежба е многу напорна, но обидете се да ја издржите сите триесет секунди. Во видеото што следи можете да видите како тоа треба да изгледа: 
Сите жени сакаат цврст и затегнат задник и убаво обликувани колкови, а со овој краток тренинг многу бргу ќе дојдете до посакуваните резултати. Дово

Пронајдете не на следниве мрежи: