Облоги од мед кои докажано ја лекуваат кашлицата за само еден ден

Оваа облога во само еден ден може успешно да ја излечи и најупорната кашлица кај деца и возрасни, а облогите можат да се ставаат и на бебиња постари од една годинаСуштината на овој лек лежи во медот кој е одличен природен сојузник против кашлица, а неговото делување е моќно дури и кога не се зема по орален пат. 
Состојки и начин на припрема
За овие лековити облоги ви треба мед, брашно и растително масло – во мали количини, бидејќи се прават само за еднократна употреба. Покрај смесата ќе ви биде потребна и една салфета, потоа мала газа и медицинска леплива лента.
Припремата е едноставна – во сад, ставете малку брашно и мед, а потоа добро измешајте ја смесата за да добиете маса која ќе можете да ја држите во рака без да се лепи на прстите. Потоа, додадете капка од било какво растително масло и повторно измешајте.
Ваквата смеса, најпрвин замотајте ја во салфета, а потоа и во газа, и така залепете ја на градите или на грбот.
Држете ја облогата во текот на целата ноќ, а за помали деца држете ја облогата само неколку часа.
Мерки на претпазливост
Бидејќи лекот лесно го загрева организмот, истиот не смее да се користи доколку детето има висока телесна температура. Исто така, поради неговата јачина, не го ставајте лекот директно на подрачјето на срцето.
 Суштината на овој лек лежи во медот кој е одличен природен сојузник против кашлица, а неговото делување е моќно дури и кога не се зема по орален па

Пронајдете не на следниве мрежи: