ОБОЕНАТА РЕВОЛУЦИЈА ТРГНА КОН РУСИЈА: Тајна операција за рушење на Владимир Путин!

Рускиот телевизиски канал „Лајф Њуз“, дојде во сопственост на снимка од таен состанок меѓу рускиот познат опозиционер Алексеј Наваљни и група странски дипломати кои се познати по учеството во низа „државни преврати“.Станува збор за група меѓународни експерти познати по учеството во „обоени револуции“, пишува рускиот канал, истакнувајќи дека оваа група е предводена од Карл Билд, поранешен шведски шеф за дипломатија.
Билд е познат како „крвавиот Швеѓанец“ поради учеството во операциите на Европската Унија во регионот на поранешна Југославија.
Во рамките на својот политички ангажман, Билд силно се заложуваше за бомбардирање на Југославија и беше еден од главните заговорници за изведба на операции на Западот на Балканот.
Покрај учеството во операции на тлото на Југославија, Билд беше активен учесник и во Евромајданот во Украина, наведува „Лајф Њуз“.
Покрај Билд, на состанокот со Наваљни присуствувале и Иван Крастев, познат по изјавата дека „не знае за луѓе коишто би сакале да живеат во Русија“, како и Весел Чернев, Кармен Клаудин, Вестгард Геир Игмар и уште неколку помалку познати лица.
Наваљни е познат како странски агент во Русија, а аналитичарите веќе извесно време предупредуваат дека Западот на сите начини ќе се обиде да го сруши Владимир Путин и дека најизвесно е дека тоа ќе го направи преку создавање внатрешни тензии и немири преку невладини организации и либерални политичко-општествени дејности.
„Лајф Њуз“ оценува дека снимката сведочи за едно такво дејствување, со оглед на тоа дека соработката помеѓу Наваљни и Билд не може да има никаква друга смисла или насока.
Станува збор за група меѓународни експерти познати по учеството во „обоени револуции“, пишува рускиот канал, истакнувајќи дека оваа гру

Пронајдете не на следниве мрежи: