Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листата во ИЕ 4 на Коалицијата За подобра Македонија Никола Груевски ќе ѝ се обрати на македонската јавност од седиштето на партијата.Благодариме, Македонијо. Победивме уште еднаш. Драги браќа и сестри, вечерва, денес, на 11 декември се случи десеттата победа на ВМРО-ДПМНЕ, 10:0. Семафорот покажува разлика, покажува победа. Нашиот народ повторно победи, Македонија се спротивстави на црните сценарија. Победивме Македонија, секоја победа е драгоцена, истакна Владимир Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ.
– Граѓаните на Република Македонија, сите сте свесни дека на овие избори нашата коалиција од 25 политички партии не се бореше само против СДСМ. Не потклекнавме и останавме на нозе. Резултатите велат имаме 20.000 гласа повеќе од СДСМ, но ќе имаме уште повеќе. Благодариме Македонијо – рече Ѓорчев.
Тој додаде дека после 71 година, СДСМ останува партијата која само еднаш, и никогаш повеќе, победила на парламентарни избори во Македонија, а победата на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата е десетта по ред.
Благодариме, Македонијо. Победивме уште еднаш. Драги браќа и сестри, вечерва, денес, на 11 декември се случи десеттата победа на ВМРО-ДПМНЕ, 10:0.