Обрнете внимание: Дали имате самоуништувачки навики?

Дали ви се случило во тешки моменти да чувствувате дека понекогаш сами си предизвикувате несреќа?Навиката и погрешното размислување може полека и сигурно да нѐ уништат и затоа е многу важно да се задржи здрав однос кон духовното здравје. Пред сѐ, требало да се поведе сметка со какви луѓе сме окружени и влијанието што им го дозволуваме да го имаат врз нас.
Важно е да сфатиме кои се оние коишто нѐ сакаат и прифаќаат.
Вистината е дека деструктивното размислување е предизвикано од недостаток на самодоверба и реална проценка за светот околу нас.
Покрај тоа, неподготвеноста да излезете од зоната на комфорот често доведува до незадоволство, бидејќи ставате бариера меѓу себе и своите цели и не успевате да го постигнете тоа кон што се стремите.
Еве и кои се симптомите кои водат до самоуништување:
1. Задлабочување во конфликтни мисли
Тоа е потсвесно чувство на несигурност и ниска самооценка. Во повеќето случаи тоа се изразува силно кога пред важен настан не можете да се ослободите од чувството дека сѐ ќе пропадне.
2. Недостаток на иницијатива
Тоа е така да се каже пасивен синдром, но исто така води до самоуништување. На пример, кога не се чувствуваме добро во дадена ситуација и не правиме ништо за да ја смениме, е недостаток на иницијатива.
3. Прејадување
Да, тоа е една од најчестите форми на самоуништување – физичко и психичко.
4. Гладување
Гладувањето е индикација за сериозни ментални проблеми и врз кои требало да се работи, бидејќи тие можат да се продлабочат.

5. Заблуда дека сте некомпетентни
Кога долго време мислите дека не сте способни да правите нешто во даден момент, се блокирате и навистина квалитетот на работата почнува да паѓа.
6. Желба да оштетите некој друг
Никогаш не заборавајте дека сè на овој свет се враќа и само затоа што некој си дозволил да ви наштети, не значи дека и вие требало да барате начин да му се одмаздите. Можете да го искористите своето време и на далеку разумен начин. Покрај тоа, кога доживуваме негативни чувства кон другите, всушност се труеме само себе.
7. Склоност кон самоповредување
Самокритичност и желбата да се повредите физички или психички, може да дојде многу опасно.
8. Самосожалување
Исклучително штетно, иритирачко и безопасно.
9. Посегнување кон алкохол или дрога
Иако нѐ тера да размислуваме дека носат радост, тоа чувство е привремено.
10. Недостаток на желба за комуникација
Многу често луѓето кои страдаат од ниска самодоверба, не сакаат да комуницираат со другите и се затвораат во себе. Некои се чувствуваат подобро кога се сами, но всушност до одреден степен осаменоста е штетна.
11. Прикривање на емоции
Да ги изразуваме емоциите не е слабост и колку побрзо го сфатиме тоа, толку подобро ќе се чувствувате.
12. Одбивање помош
Никогаш не игнорирајте ги луѓето кои сакаат да ви помогнат и не откажувајте се од оние кои ве сакаат.
13. Преголема штедливост
Се разбира, човек треба да биде разумен, но кога постојано се ограничува, всушност си штети.
14. Испади во љубовниот живот
Често се случуваат поради еден куп самоуништувачки квалитети како љубомора, посесивност, склоност кон насилно манипулација и друго.Навиката и погрешното размислување може полека и сигурно да нѐ уништат и затоа е многу важно да се задржи здрав однос кон духовното здравје. Пред с

Пронајдете не на следниве мрежи: