Обрнете внимание на овие симптоми. Можат многу ЛОШО да завршат!

Поголем дел од луѓето сметаат дека болките во градниот кош се единствените опасни по животот. Но, болката во нозете, иако не е силна, може да заврши лошо.Проверете дека имате темпирана бомба во артериите или вените
Дали ве мачат ненадејни грчеви на мускулите од потколеницата додека се движите, а кои стануваат полоши ако забрзате? Болката не поминува додека не седнете, а никогаш не се јавува ако мирувате? Не игнорирајте ја болката иако не е силна и наликува на убоди од игла.
Блокада на крвните садови
Грчевите и сличните непријатности во нозете можат да бидат јасен знак за васкуларни болести, воспаленија и слабост на вените и артериите кои ги предизвикува таложењето на масни наслаги во внатрешноста на крвните садови.
Болката во нозете може да биде знак дека артериите и вените се блокирани или ослабени. Ако се занемари проблемот, може да дојде срцев или мозочен удар, како и аневризма (артеријата станува слаба и отечена и може да пукне). Во некои случаи, болеста на периферните артерии може да доведе и до гангрена и ампутација.
Периферната артериска болест (ПАД) погодува околу девет отсто од населението, додека само четвртина имаат симптоми. Експерите велат дека еден од пет заболени умираат од срцев или мозочен удар.
Меѓу првите симптоми може да се појави болка при чекорење, најчесто во потколеничниот мускул, но и во бутините и задникот. Одењето по нагорница и носењето товар може да ја влоши состојбата. Ако се одморате, болката обично ќе исчезне за неколку минути. Откако болката се јавува ако почнете да чекорите, тогаш станува збор за блокада и слабост на крвните садови во нозете. Болката настанува бидејќи мускулите во нозете не добиваат доволно крв.
Штетата ќе биде помала доколку се обратите на доктор веднаш штом ќе искусите некој од овие симптоми. Кај покрупните пациенти, едноставна физичка активност го олеснува проблемот, бидејќи поттикнува подобра циркулација.
Аневризма на абдоминалната аорта
Аневрзимата на абдоминалната аорта (главната аорта во телото), е уште една од можните потешкотии.
Болеста обично се развива бавно и нема симптоми.
Аневризмата на абдоминалната аорта е тешка за предвидување, но некои лица можат да почуствуваат пулсирачко чувство во близина на папакот, чувствителност или болка во стомакот или градите, како и болки во грбот. Во случај на пукање на аортата, шансите за преживување изнесуваат околу 20 отсто, па превенцијата е најдобрата опција. Кај лицата кај кои аневризмата е решена преку хируршки пат, шансите за преживување изнесуваат 97 отсто.
Превенција – доволни се мали промени
И малите промени, како физичка активност, намален внес на црвено месо и откажување од цигарите, можат да доведат до големи промени. Ако проблемот со периферната циркулација се открие на време, за лекување се потребни промени во начинот на живот.
На пациентите со поголеми проблеми можеби ќе им бидат потребни лекови против холестерол или помал хируршки зафат и пред да се јават симптомите, така што со редовно вежбање може да се намали ризикот од болеста и значително да се продолжи животниот век.Проверете дека имате темпирана бомба во артериите или вените
Дали ве мачат ненадејни грчеви на мускулите од потколеницата

Пронајдете не на следниве мрежи: