Македонската ракометна репрезентација го одработи првиот дел од подготовките за Светското првенство во Катар.По неколку дневните тренинзи и двата натпревара со Израел, каде нашите ракометари постигнаа две победи, репрезентативците имаат слободни денови за Новогодишните празници.
Селекторот Ивица Обрван вели дека засега се оди според планот.
– Работевме квалитетно и задоволен сум од тоа како мина овој тежок дел. Притоа успеавме да се кренеме физички и психички и сето тоа како тим. Првиот натпревар со Изреал го одигравме нешто послабо во одбраната, но на вториот дел одбраната беше добра, а имавме и водство од 15 разлика. Сите играа и мислам дека имаме добар ритам, изјави Обрван.
Ракометарите следниот собир ќе го имаат на 2 јануари во попладневните часови. Во рамките на подготовките Македонија на 9 и 10 јануари ќе игра на турнир во Нант, Франција, а прв противник ќе биде селекцијата на Алжир. Од Нант нашата репрезентација ќе отпатува за Катар. По неколку дневните тренинзи и двата натпревара со Израел, каде нашите ракометари постигнаа две победи, репрезентативците имаат слободни денови за