ОБСЕ да провери кого ангажира, не може луѓе кои ја напаѓаат полицијата да бидат нејзини едукатори!

Министерството за внатрешни работи во однос на денешната ситуацијата на Државниот универзитет во Тетово каде требаше да се одржи регионалната работилница организирана од страна на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, изразува жалење за скандалот што се случи, но револтот на полициските службеници кои го искажале со напуштање на просторијата е разбирлив со оглед на фактот што во улога на  предавач односно инструктор се јавува лице кое секојдневно ја напаѓа и навредува полицијата.-Министерството за внатрешни работи јавно апелира до Мисијата на ОБСЕ во Скопје во иднина да прави проверки кого ангажира, бидејќи е неприфатливо лица кои нанесуваат штети од стотици илјади евра, кои рушат споменици, ја напаѓаат и навредуваат полицијата во исто време да бидат и нејзини едукатори. Досега Министерството за внатрешни работи и Мисијата на ОБСЕ во Скопје имаа долгогодишна и бездруго, повеќе од успешна соработка со голем број на реализирани проекти, работилници и обуки кои се надеваме дека ќе продолжат и во иднина, стои во соопштението на МВР.-Министерството за внатрешни работи јавно апелира до Мисијата на ОБСЕ во Скопје во иднина да прави проверки кого ангажира, бидејќи е неприфатливо л

Пронајдете не на следниве мрежи: