ОБСЕ: Досега не се забележани проблеми, прелиминарната оценка утре

Мирен изборен ден без проблеми, претставниците на набљудувачите од ОБСЕ не забележале проблеми во изборниот процес.. Шефот на набљудувачите на ОБСЕ Азај Гулијев изјави дека овие избори се неопходни на Македонија за да излезе од политичката криза која трае две години.Специјалниот координатор одговорен за предводење на краткорочната мисија на ОБСЕ за набљудување на парламентарните избори во Македонија, Роберто Батели изјави дека  досега нема недостатоци на избирачките места и  немаат информација за  било какви проблеми.
Прелиминарната оценка за текот на изборите ќе биде дадена во понеделник, откако ќе се сублимираат забелешките и резултатите од целодневното набљудување на изборниот процес. Над 650 странски набљудувачи се дел од изборниот процес од кој 250 краткорочни набљудувачи се од ОБСЕ.
Специјалниот координатор одговорен за предводење на краткорочната мисија на ОБСЕ за набљудување на парламентарните избори во Македонија, Роберто Ба

Пронајдете не на следниве мрежи: