СДСМ веќе не е толку цврст во својот став за одложување на изборите кои се закажани за 24 април, откако најпрво, ОБСЕ и ОДИХР, а и Парламентарното собрание при Советот на Европа, јасно ставија до знаење дека изборите ќе се одржат на предвидениот датум и дека веќе почнале со подготовка за испраќање набљудувачи.СДСМ веќе не е толку цврст во својот став за одложување на изборите кои се закажани за 24 април, откако најпрво, ОБСЕ и ОДИХР, а и Парламентарното собрание при Советот на Европа, јасно ставија до знаење дека изборите ќе се одржат на предвидениот датум и дека веќе почнале со подготовка за испраќање набљудувачи.
Членовите на ДИК се` уште чекаат партиите да се изјаснат околу двете методологии за прочистување на избирачкиот список. Но, и доколку се прифати барањето на СДСМ за теренска проверка, според проценките нема да бидат потребни повеќе од еден месец. Таквата проценка многу наликува на попис на населението кој во просек трае од 20 до 30 дена.
Имено, теренската проверка е ново барање на СДСМ, откако претходно се откажа од барањето за активна регистрација на гласачите со што ќе се добиеше најпрецизна бројка за граѓаните што ќе гласаат на изборите.
И ако за прашањата поврзани со Избирачкиот список може да се каже дека има некакво придвижување, тоа не важи за медиумите. СДСМ бара целосна контрола на медиумите за време на изборите и носење нов закон.
ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ не се согласуваат со тоа и бараат опозицијата да понуди било кој закон за медиуми што го има во некоја од земјите од ЕУ за тие да го прифатат, но не и некаки парцијални решенија.СДСМ веќе не е толку цврст во својот став за одложување на изборите кои се закажани за 24 април, откако најпрво, ОБСЕ и ОДИХР, а и Парламентарното