Денешното рочиште за случајот „Поткуп“ во кој обвинет е лидерот на СДСМ Зоран Заев е одложено и презакажано за 27 јуни годинава. Причина за одложувањето, повторно средба на Заев.Заев дојде во судницата со неговите адвокати, но присуствуваше таму одвај неколку минути велејќи дека има состанок со висок претставник на ОБСЕ.
Според тврдењето на адвокатите, поканата од ОБСЕ ја добил рано утринава, а тема на средбата ќе биле случувањата во Собранието. Одложувањата на рочиштата не се ништо ново кога станува збор за случајот „Поткуп“. Се отвора прашањето дали овој пат ОБСЕ се вклучува во одбрана на криминалот на Заев во „Поткуп“ и зошто по една недела од случувањата, денес изразува загриженост за истите и утринава бара средба со лидерот на СДСМ. Обезбедува ли ОБСЕ ново алиби за Заев за повторно избегнување на судското рочиште и одолговлекување на случајот?
Првото рочиште за случајот „Поткуп“ беше закажано на 25 јануари минатата година, а оттогаш имаше неколку одложувања. Последното одложување на рочиштето беше на 3 април.
Според Јавното обвинителство, Заев во својство на градоначалник на Струмица, од струмичкиот бизнисмен Иван Николов-Сачевалиев, побарал поткуп од 163.924 евра за градежно земјиште во Струмица.Заев дојде во судницата со неговите адвокати, но присуствуваше таму одвај неколку минути велејќи дека има состанок со висок претставник на ОБСЕ.