Oбука за искористување на ЕУ фондовитеЕвропската комисија за земјите-кандидатки за членство во Европската Унија, но и трети земји има осмислено и отворено повеќе инструменти или фондови (Програми на заедницата, Инструмент за претпристапна помош, Европски инструмент за демократија и сл.)Програмите на Заедницата претставуваат интегриран сет на активности усвоен од ЕУ со цел да се унапреди соработката помеѓу земјите членки во различни области поврзани со политиките на ЕУ, во период од неколку години. Програмите во принцип се замислени за членките на Е, но заради подготовка на земјите-кандидатки за членство во ЕУ и решавање на заеднички проблеми, дел од овие програми се отворени и за Македонија.Отворени се две нови програми на ЕУ кои ќе им бидат на располагање на компаниите и институциите, ХОРИЗОН и КОСМЕ. Над 80 милијарди евра им стојат на располагање на компаниите и институциите, почнувајќи од годинава па се до 2020 година. Од овие две популарни програми на ЕУ, Македонија за шест години искористила само 15 милиони евра. Во рамките на ФП7, Македонија направила 85 проекти кои биле финансирани со вкупно 10,6 милиони евра, додека во рамките на ЦИП, Европската комисија во Македонија одобрила 10 проекти кои ги финансирала со 4,3 милиони евра.Загрижувачки е што како корисници на овие одобрени средства се јавуваат мал број на компании. Програмата КОСМЕ 2014-2020 во голем дел е наследник на ЦИП 20070-2013 и Европската комисија ја финансира со буџет од 2,3 милијарди евра. Овие пари се наменети за потикнување на конкурентноста на малите и средни претпријатија.Клучната програма на Европската комисија за следните седум години е ХОРИЗОН 2020 со буџет од 80 милијарди евра. Оваа програма ги подржува проектите од областа на истражувањето, технолошкиот развој и слично. Нејзини приоритети се врвната наука, индустриското лидерство, општествените предизвици.Малите и средни претпријатија имаат можност да учествуваат во проекти во рамките на ХОРИЗОН како дел од помали или поголеми конзорциуми. Условите за учество во проекти се симплифицирани и акцент е даден на конкретната примена на истражувачки проекти во малите и средни претпријатија.За таа цел маркетинг агенцијата Мувмент во соработка со Консултантската агенција Еурхо Консалтинг од Хрватска огранизираат дводневна обука за изработување на проекти финансирани од ЕУ. Еурхо Консалинг е агенција која има седиште во Осијек, град кој има најголема искористеност на ЕУ фондовите на овие простори. За илустрација, градот Осијек во соработка со тамошните институции до сега има реализирано 273 проекти финансирани од ЕУ фондови вредни 126 милиони евра. Еден од најновите проекти на Општина Осијек е проектот Wine Tour, вреден 1,25 милиони евра. За оваа година е предвиден огромен проект за управување со водите, вреден 70 милиони евра кој што во најголем дел го покриваат европските фондови.Еуро Консалтинг е компанија водена од Г-ѓа Мелита Шпрингман, која има дваесет годишно искуство во полето на едукацијата, пишувањето проекти, менаџирање на проекти и консултација.Оваа компанија има десет годишно искуство во искористувањето на ЕУ фондовите, како и во учеството при пишувањето на проектите за нивните клиенти.Сметаме дека овие податоци се добра препорака за да ги поканиме во нашата земја да одржат семинар и преку едукација да ни овозможат да бидеме успешни во аплицирањето и искористувањето на ЕУ фондовите.За подетални ифнормации околу семинарот обратете се на следниот емаил: [email protected]Европската комисија за земјите-кандидатки за членство во Европската Унија, но и трети земји има осмислено и отворено повеќе инструменти или фондови
Пронајдете не на следниве мрежи: