Во Центарот за вработување во Делчево денеска завршува тридневната обука за претприемништво во рамките на Програмата за самовработување која ја ја посетуваат 20 невработени лица активни баратели на работа и три лица со инвалидитет. Како што истакна Христина Смилевска, раководител на Центарот за вработување во Делчево, на обуките за претпримеништво канидатите се обучуваат како нивната идеја да стане успешен бизнис.– Врз основа на Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на труд за 2017 година на 20 февруари 2017 година беше објавен Јавен оглас до невработените лица, активни баратели на работа, своето вработување да го решат со поддршка преку Програмата за самовработување. Финансиската поддршка на оваа Програма опфаќа обезбедување експертска поддршка во форма на обука за претприемништво и водење бизнис која во моментот се одржува во Центарот за вработување-Делчево, ваучер систем за изработка на бизнис план и поддршка при регистрирање на бизнисите во висина од 17.940 денари, истакна Смилевска.
Таа додаде дека согласно со Програмата, финансиската и советодавната поддршка за набавка на опрема или репроматеријали е во висина од 246.000 денари.
– Финансиска поддршка за дополнително вработено лице во вид на опрема или материјали е во износ од 92.000 денари за кандидати кои ќе презентираат одржлив бизнис-план за вработување на уште едно лице за успешно функционирање на бизнисот, но и преку економски и финансиски параметри ја потврдува одржливоста на дополнителното вработување, рече Смилевска.
Овие обуки се спроведуваат со поддршка на УНДП, а обуките ги посетуваат селектираните кандидати кои се јавиле на првиот оглас за самовработување објавен во оваа година, а согласно со Оперативниот план, вториот оглас за аплицирање на кандидатите кои се активни баратели на работа, ќе се спроведе во јуни.– Врз основа на Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на труд за 2017 година на 20 февруари 2017 г