Обвинетиот од „Диво насеље“ ја призна вината!

Loading...

Во Судот во Скопје денеска продолжи рочиштето за случајот со кумановската Дива Населба. Исказ пред присутните денеска даде и третообвинетиот, Дем Шеху од Косово. 
 
Тој на обвинителната клупа призна дека бил дел од  нападот на караулата во Гошинце во април 2015 година, неколку дена пред пукањето во Дива населба и дека дошол во Македонија за да помогне да се имплементира Охридскиот рамковен договор.
Според неговиот исказ, кога стигнале до караулата, кучињата почнале да лаат и тогаш полицајците излегле надвор. Валдет извикал „УЧК“ и дека македонските полицајци се исплашиле и сами легнале на земја. Некој од вооружената група ги внел полицајците внатре и го зел оружјето, па нападот траел 20 минути. На еден од полицајците што останал со одврзани раце му рекол дека кога ќе си заминат, да почека 15 минути и да ги ослободи и другите полицајци.
Дем Шеху се вратил на Косово. Во Македонија, со други лица, повторно влегол меѓу 1 и 2 мај 2015 година. Вели дека откако влегле во Македонија, цело време ги надлетувале хеликоптери. Во Дива населба се сместиле во куќата на еден од обвинетите, Фадил Фејзулаи. Рече дека се бореле да се спасат. Дем Шеху лично се познавал и имал контакти со водачите на групата, Мирсад Ндрецај и Бег Ризај, кои беа убиени во пукањето во Дива населба.
За потсетување, во случајот познат како „Дива населба“ на 37 лица им се суди за тероризам за пукањето во Куманово што се случи на 9 мај 2015 година.
 
  
 
Тој на обвинителната клупа призна дека бил дел од  нападот на караулата во Гошинце во април 2015 година, не

loading...