Канцеларијата на турскиот Државен обвинител во Анкара денеска соопшти дека рускиот амбасадор во Турција, Андреј Карлов, лани беше убиен по налог на приврзаници на терористичката организација (ФЕТО), на чие чело се наоѓа турскиот верски проповедник стациониран во САД, Фетула Ѓулен, објави турската телевизија НТВ, пренесе ТАСС.Во соопштението се наведува дека сторителот на убиството од декември минатата година, турскиот полицаец, Мевлут Мерт Алтинтас, имал контакти со најмалку петмина членови на ФЕТО.
Според наводите на иследниците, Алтинтас се сретнал со еден од членовите на оваа организација во хотел со пет ѕвездички на Кипар, каде добил упатства како да го убие рускиот амбасадор.
ТАСС потсетува дека амбасадорот Карлов беше убиен од пиштол додека држеше говор на отворање на изложба на фотографии, а напаѓачот, според тврдења на турските власти, веднаш беше убиен од припадници на безбедносните сили.
Руското Министерство за надворешни работи убиството на Карлов го прогласи за терористички напад.Во соопштението се наведува дека сторителот на убиството од декември минатата година, турскиот полицаец, Мевлут Мерт Алтинтас, имал контакти со нај