недела, 29 ноември 2026
Најново

Обвинителството го сомничи Величковиќ за давање поткуп за гласови во кумановско Ромско маало

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Давање на пари за купување на гласови на граѓаните од ромска етничка заедница во кумановското Ромско маало било повод за предистражна постапка која ја покренало Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција против началникот на кумановската полиција Стојанче Величковиќ. За таа цел синоќа бил извршен и претрес во неговиот дом, по кој тој не бил приведен, дознава „Дневник“.Наредбата за претресот е издадена од страна на судија на претходна постапка од Одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 – Скопје.
-Цел на претресот беше пронаоѓање траги на кривично дело или предмети важни за кривичната постапка и нивно одземање. Одземени се предмети што содржат податоци во писмена форма и предмети што содржат податоци во електронска форма, во врска со кривични дела – злосторничко здружување; и злоупотреба на службената положба и овластување од кривичниот законик, како и други кривични дела за кои се гони по службена должност, се наведува во соопштението на ЈОРМ.
Имајќи ги предвид информациите пласирани во медиумите во врска со преземеното дејствие, се наведува во соопштението од ЈОРМ, особено изнесените информации дека требало да се приведува лицето С.В., Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција ја известува јавноста дека преземените дејствија согласно издадената судска наредба се само за претрес на дом, не и приведување на лицето.
Од друга страна МВР, на чие чело сѐ уште се наоѓа Оливер Спасовски од СДСМ, издаде соопштение во кое наведува дека „не било информирано и вклучено во планирањето на вчерашната акција во која е извршен престрес во домот на началникот на СВР Куманово.Наредбата за претресот е издадена од страна на судија на претходна постапка од Одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Ск

Поврзани вести