Јавното обвинителство се претвори во продолжена рака на партијата на власт, се отвораат истраги, се штанцаат обвиненија и се водат постапки против секој еден кој не е дел од власта. Најново во серијата судски постапки по нарачка, е отворената предистражна постапка за претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски и Сашо Мијалков за наводно перење на пари преку странски фирми за купување на фирми во Србија.За ваквите нарачани изјави од одредени политичари од соседна Србија стигна и демант од ВМРО-ДПМНЕ, но тоа не ги спречи медиумите под контрола на СДСМ да запрат во ширењето на конструираниот случај.
На отстрел на власта најмногу се најдоа политичките противници на СДСМ, челниците на ВМРО-ДПМНЕ, против кои се конструираат обвиненија за се и сешто, со единствена цел да се влечат по судски ходници, како кај јавноста би се создала перцепција дека истите имаат некаква вина.
Додека се премолчуваат криминалите и обвинувањата за криминал во високите кругови на власта, во тие случаи обвинителството е немо и не ни помислува да отвори постапка по допрен глас. Случаите се премолчуваат, а власта си тера по старо.
Двојните аршини на обвинителството, кое работи по диктат на власта најдобро може да ги видиме во случајот со рекет врз хрватскиот продуцент Винко Грубашиќ, продуцент на филмскиот серијал „Македонија“ проект кој се стопираше од актуелната власт поради својата патриотска содржина и неисплатениот рекет кон Гројан Тозија. Имено Грубашиќ имаше сведочење на телевизија Алфа, според кој од Тозија му бил побаран рекет.
Јавното обвинителство не отвори истрага во овој случај, иако постои изјава од Грубашиќ, кој е жртва на рекетарите на власта.
Од ВМРО-ДПМНЕ исто така го повикаа обвинителството да отвори истрага против Тозија и власта на СДСМ за обвинувањата на Грубашиќ, но од обвинителството до денес нема никаква реакција.
-ВМРО-ДПМНЕ го повикува јавното обвинителство по допрен глас да отвори истрага за барање на поткуп против Горјан Тозија поради сомневање дека истиот го рекетирал „Јадран филм“ односно се обидел противправно да се стекне со финансиски средства и притоа имал намера да нанесе штета на угледот на државата и институцијата што ја претставува, но и на буџетот предвиден за проектот „Македонија“. Вчера бевме сведоци на скандалозно сведочење на директорот на „Јадран филм“ кој јавно се пожали дека бил жртва на рекет на функционерот на СДС. Претходните денови во медиумите бевме сведоци на објавени изјави во кои што на разни начини Тозија се обидел да ја блокира серијата. Срамот да биде уште поголем барал да се оттргнела патриотската нишка и да се минимизирале сите делови кои се однесуваат на ВМРО. Во медиумите протекоа и информации дека причината за сето ова се стари долгови кои ги имал Тозија, кој после именувањето на функцијата вршител на должност директор на агенција за филм се обидува да најде начин да си ги наплати. Доколку ЈО барем малку држи до професионалноста и правото ова се доволно причини да се отвори истрага и да се проверат наводите. До тогаш, минимум што може да стори Јавното обвинителство е како мерка да побара од судот да му биде изречена забрана за вршење на дејноста до завршување на истрагата, рече Роберт Вељановски од партиска прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ.
Помина цел месец, но реакција од ОЈО за случајот со Јадран филм и Грубашиќ сеуште нема, но затоа истото тоа ОЈО експресно реагира на шпекулативна и нарачана изјава на политичар од соседството, која со брзина на светлината беше раширена низ сите портали под контрола на власта.
Обвинителството како сега така и во минатото премолчуваше кога во прашање е Зоран Заев и челниците на СДСМ.
Истото обвинителство не ни помисли да отвори истраги за криминалот на Заев во аферите „Цареви кули“ и „Тритерол“ во кој имаше сериозни сомнежи за криминал во кој лично учествувал сегашниот премиер Зоран Заев од позиција на градоначалник на Струмица и претседател на СДСМ.За ваквите нарачани изјави од одредени политичари од соседна Србија стигна и демант од ВМРО-ДПМНЕ, но тоа не ги спречи медиумите под контрола на СД