Ниту автобусите од Струмица и Куманово, и целата администрација од Струмица, Куманово и Центар не го пополнија срамот од фијаското на решавачкиот митинг на опозициската коалиција предводена од СДСМ во Скопје. На митингот пред Владата немаше повеќе од 15.000 лица и истиот беше далеку послаб од митингот на СДСМ одржан минатата година на истото место.По скопскиот митинг на коалицијата предводена од СДСМ, што се одржа вечерва пред Владата на РМ, јасно е дека погубната битка на Заев и опозицијата завршува погубно за нив самите. Народот препознава дека зад „Планот за живот во Македонија“ се крие „план за двојазичност и федерализација на Македонија“.
Токму затоа беше десеткуван бројот на граѓани присутни на митингот вечерва во споредба со митингот што го одржа СДСМ лани на 17 мај. Ниту оптичките игри кои ги направил организаторот, пред се поместување на бината за неколку метри напред во споредба со ланскиот нивен митинг како и големата празнина помеѓу бината и првиот ред од присутните не можат да го скријат впечатокот за недоволната бројка на присутни на денешниот митинг.
Исто така во публиката се присутни празнини и дупки па затоа СДСМ осветлуваше само дел од присутните кои се понапред, а другиот дел од улицата е неосветлен со цел да се прикрие слабата посетеност.
Разочараноста од очајниот митинг не ја кријат дури и отворените поддржувачи на опозицијата.
Во првите редови повторно СДСМ го предводеше екс-разузнавачот Зоран Верушевски, првоосомничен во случајот „Пуч“ и неговата сопруга Соња.
По скопскиот митинг на коалицијата предводена од СДСМ, што се одржа вечерва пред Владата на РМ, јасно е дека погубната битка на Заев и опозицијата