ОЧАЕН МЛАД ТАТКО, ја крена цела Земја НА НОЗЕ: „Како да и кажам на ќерка ми дека ја изгубив Софија“

– Софија месец дена одеше во градника со ќерка ми, а бидејќи не можеше да има пристап во групата за децата да не се истепаат меѓусебе поради играчката, таа ја гледаше од шкафчето и внимаваше на неа – објаснува таткото на Фејсбук.Секое дете има своја омилена играчка која за него е посебна и ништо не може да ја замени. Тоа го знае секој родител, а во тоа минатиот викенд се увери и младиот татко од Загреб, чија објава на Фејсбук ја крена на нозе цела Хрватска, пишува „Јутарњи лист“.
Статусот ви го пренесуваме во целост:
„Очаен татко на 3 – годишно девојче го моли чесниот пронаоѓач на играчката Софија Прва (висока околу 30 см) да му се јави. Во саботата, 10. декември, се подготвив за божиќна прослава од работа. Не сакав да одам, а ќерка ми ми ја подаде играчката и рече „понеси ја Софија Прва, таа ќе те забавува и ќе ти прави друштво“. Се разнежнив и помислив- ќе ја понесам и ќе ја сликам како се забавува со мене да и покажам дека ми помогнала. За жал едно невнимание и глупост доведе до загуба на играчката. Ми испаднала од јакната.
Последен пат е видена на паркингот пред Бил во Грушка улица. Од наведената локација се упатив на „Бандичев“ паркинг кај стариот загребачки Паромлин. Се паркирав веднаш на влезот кај старата куќа и се упатив кон влезот во Imporane Center каде забележав дека Софија Прва ја нема. Така лошиот ден стана уште полош. Како да и кажам на ќерка ми дека ја изгубив нејзината најдрага играчка. Го молам чесниот пронаоѓач да ми се јави. Следи договор за награда. Знам дека мали се шансите бидејќи во Загреб има многу туристи, но се надевам дека има чесни луѓе“, напиша таткото Ватрослав.

Неговата објава ја споделиле повеќе од 500 луѓе кои ја користат социјалната мрежа Фејсбук, а на очајниот татко кој за љубовта и среќата на неговата миленичка би направил баш се, му се јавиле луѓе дури и од Сплит и Бјеловар да му ја понудат својата помош.
– Искрено не очекував толкав талас добрина. Некои сакаа да ја купат Софија Прва или барем да ја побараат низ продавниците, но одбив. Не е важна играчката како таква туку приказната зад неа…

– Ја купивме кога Марли Ли тргна во градинка. Многу плачеше бидејќи не сакаше да остане сама. Јас и сопругата отидовме во продавница и и рековме да одбере која играчка ја сака, само повеќе да не плаче во градинка. Имаше и поскапи и поубави но она ја одбра баш таа играчка и рече дека ќе биде добра и послушна само ако и ја купиме таа играчка. И навистина откако Софија оди со неа во градинка не пушта ни солза. И беше најдрага и не ја даваше на никој, раскажува таткото.
– Кога Марли Ли утрово ме праша каде е играчката, не знаев како да и ја кажам вистината, но сопругата ја презема контролата и кажа дека таа уште се забавува. Софија месец дена одеше во градника со ќерка ми, а бидејќи не можеше да има пристап во групата за децата да не се истепаат меѓусебе поради играчката, таа ја гледаше од шкафчето и внимаваше на неа. Ма не е толку до играчката колку до чувството дека изгубив нешто што ми е дадено на чување – вели најпопуларниот татко на Фејсбук.
Заклучува дека ќерка му секако ќе добие нова играчка, иста каква што имаше, а еден ден кога Марли Ли ќе порасне, на ова ќе се сеќава со насмевка на лицето бидејќи нејзиниот татко со мал гест и дело покажа дека родителската љубов нема граници и дека мама и тато се спремни да ги поместат и планините ако треба за нивните мали принцови и принцези да бидат среќни.Секое дете има своја омилена играчка која за него е посебна и ништо не може да ја замени. Тоа го знае секој родител, а во тоа минатиот викенд се ув

Пронајдете не на следниве мрежи: