Никол Сифрит, мајка од Ајова, чие бебе починало откако се заразило, ги предупредува другите родители за сериозниот вирус кој го убил нејзиното девојче.Недела дена откако Никол ја родила Маријана, таа и нејзиниот маж Шејн забележале дека бебето престанува да јаде и не реагирало кога ќе се обиделе да ја разбудат.
„За два часа престана да дише и сите нејзини органи почнаа да се гаснат, рече нејзинито сопруг Шејн.
Докторите на малечката Маријана и дијагностицирале вирусен менингитис предизвикан од вирусот херпес, кој се пренесува со близок контакт, односно со бакнеж.
Никол и Шејн се тестирале но резултатите биле негативни на вирусот што значи дека бебето се заразило од некој друг.
И покрај повеќекратната трасфузија на крв, бубрезите на Маријана престанале да работата, откажал црниот дрог и дошло до внатрешно крварење. Маријана починала кога имала само 18 дена.
Семејството се надева дека овој несреќен случај ќе им помогне на другите луѓе да увидат колку херпесот може да биде опасен за новороденчиња.
„Нашата принцеза Маријана стана мал ангел околу 08:41 часот утрово, кога почина на рацете на тато. Нејзината мајка цело време беше покрај неа. Таа повеќе нема да страда и сега се наоѓа кај Господ. Ви благодарам на сите што бевте покрај неа на ова патување и кои не поддржавте цело време. Нејзиниот краток живот имаше големо влијание и се надеваме дека нејзината приказна ќе помогне да се спаси животот на другите новороденчиња. Почивај во мир, сладок ангелу“, стои во објавата.
Никол ги предупредува другите родители на опасноста од вирусот.
-Не му дозволувајте на никого да го бакнува вашето бебе – вели таа.Недела дена откако Никол ја родила Маријана, таа и нејзиниот маж Шејн забележале дека бебето престанува да јаде и не реагирало кога ќе се обиделе д